Женската јуниорска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на Б-Европското првенство што се одржува во Романија.
Нашите млади кошаркарки ја прегазија Норвешка со 67-41 во меч во кој водеа и со 39 поени разлика. Единствениот период кога Македонија не беше во предност беа првите две минути, пред Ѓорѓиева да го отвори резултатот со тројка. Нешто подоцна беше 9-0, а се беше решено веќе во вториот период кој заврши со предност на нашата репрезентација од 40-11.
Највисоката предноста, Македонија ја достигна во финишот од третата четвртина кога поведе со 58-19.
Ива Колева повторно беше најефикасна, сега со 16 поени, но селекторот Виктор Петровски им даде минутажа на сите кошаркарки, а само една не успеа да се запише во листата на стрелците. За Македонија останува уште еден натпревар, утре против Естонија со што ќе го заврши настапот на Европското првенство.


