Откако целосно заврши групната фаза, познати се двојките за нокаут фазата во сите сегменти од Б-Европското првенство што се одржува во земјава.
Македонската репрезентација го освои четвртото место во својата група и ќе продолжи да се бори за пласман од 9. до 16. позиција. Прв противник ќе ѝ биде Ирска која го освои третото место во групата А.
Денеска на првенството е слободен ден, а натпреварот меѓу Македонија и Ирска ќе се игра утре од 18:30 часот. По групната фаза во Гевгелија, македонската репрезентација се сели во Скопје и дуелите за пласман ќе ги игра во „Борис Трајковски“.


