Финалистот во АБА 2 лигата, ТФТ донесе уште едно домашно засилување во пресрет на новата сезона.
Црно-белиот дрес од претстојната кампања ќе го носи екстра талентираниот јуниорски репрезентативец Григориј Ѓорѓевиќ кој во клубот од Тафталиџе се сели од Вардар каде ги мина сите младински категории. Летово, плејмејкерот настапи и на Б-Европското првенство во Хрватска и беше еден од најдобрите во македонската селекција.
ТФТ претстојната сезона повторно ќе учествува во АБА 2 лигата што ќе биде прво интернационално искуство за Ѓорѓевиќ во сениорска конкуренција. За 18-годишниот кошаркар летово беше заинтересиран и МЗТ Скопје, ама тој сепак ја прифати понудата од ТФТ.


