По Стефан Симиќ, Дамјан Крстевски и Кристијан Канингем, поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув го засили својот ростер и со 21-годишниот бек Михаил Стојанов.
Новиот играч на гевгеличани доаѓа од ТФТ каде играше претходните четири сезони и каде дебитираше во сениорска конкуренција. Минатата натпреварувачка кампања одигра 16 натпревари во домашното првенство и осум во АБА 2, а интересно е тоа што најефикасен беше токму против Кожув кога постигна 19 поени.
Кожув во новата сезона ќе има и нов тренер во Миодраг Тодоровиќ кој како предводник на Маџари минатата кампања стигна до финалето од плејофот.


