Поранешниот европски кошаркарски вицешампион Монако се наоѓа во исклучително тешка финансиска ситуација и прави напори да излезе од неа.
Клубот не доби лиценца за настап во француското првенство, потоа се откажа и од Евролигата и се пријави во Еврокупот, а во меѓувреме спасот го побара во поранешниот НБА кошаркар, Џамал Мешбурн. Тој план пропадна, па место тоа, клубот од Кнежевството вниманието го насочува кон поинакво решение, познато како „проект Роналдињо“.
Според француските медиуми, преговорите со Мешбурн не се развиле во посакуваната насока, поради што Монако направил чекор назад и започнал да разгледува алтернативи. Во клубот сакаат да изградат тим кој ќе биде конкурентен во Еврокупот, а новиот план се темели на поинаква стратегија и на играчи кои би можеле да одговараат на замислите на стручниот штаб.
Монако бара решение
„Проектот Роналдињо“ сега се наметнува како една од опциите за клубот, кој сака да го искористи периодот за да го засили ростерот и да создаде тим способен за борба за највисок пласман во Еврокупот. Роналдињо со група инвеститори би влегол во клубот, во надеж дека ќе успее да го спаси од пропаст.
Следниот период ќе покаже дали Монако дефинитивно ќе се насочи кон оваа опција или повторно ќе се врати во преговорите со други кандидати.


