Евролигата прави нов чекор во својата интернационализација. Абу Даби ќе биде домаќин на првото издание на Суперкупот, ново натпреварување кое ќе ги собере најдобрите европски клубови на стартот од сезоната 2026/27.
Турнирот ќе се одржи во септември, непосредно пред почетокот на новата сезона во Евролигата, а организаторите очекуваат Суперкупот да прерасне во традиционален настан кој ќе го означува почетокот на новата европска кошаркарска сезона.
Во премиерното издание ќе настапат Олимпијакос, Фенербахче, Реал Мадрид и Дубаи, четири екипи кои во новата сезона ќе имаат високи амбиции.
Форматот предвидува два полуфинални натпревари, по што ќе следат дуелот за третото место и големото финале. На тој начин, веќе во воведот на сезоната ќе биде доделен првиот трофеј во историјата на ова натпреварување.
Изборот на Абу Даби за домаќин е уште еден показател за намерата на Евролигата да го прошири своето присуство надвор од традиционалните европски пазари. Абу Даби во последните години сè почесто е домаќин на големи спортски настани, а сега ќе добие и значајна улога во европската клупска кошарка. Со оглед на имињата кои ќе бидат дел од турнирот, првиот Евролигашки Суперкуп ветува спектакуларен почеток на сезоната и дополнителна атракција за љубителите на европската кошарка.
Новата сезона во Евролигата ќе биде со 20 екипи и 38 натпреварувачки кола, а распоредот за сезоната 2026/27 веќе е официјално објавен.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
18.09.2026
Олимпијакос – Фенербахче
Дубаи – Реал
19.09.2026
Меч за трето место
Финале


