Екипата на Работнички ги почна подготовките за новата сезона, а на првиот тренинг, на својата трибина беа припадниците на Сити Парк Бојс кои со аплауз ги поздравија кошаркарите и членовите на стручниот штаб, но во исто време им испратија и порака.
На првиот тренинг присуствуваа речиси сите играчи на Работнички, со исклучок на Брунчевиќ кој треба утре да пристигне во Скопје.
„Имате недовршена работа“, пишуваше на транспарентот на трибината на навивачката група на Работнички.
„Недовршената работа“ е јасна, клубот од Градски парк застана на 15 шампионски титули, последната од нив освоена во 2018 година. Практично, од 2009, Работнички има само еден трофеј во домашното првенство и Сити Парк Бојс бараат претстојната сезона на лошиот период да биде ставен крај.


