Претстојното Светско првенство би можело да помине без еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ бидејќи репрезентацијата на Словенија се наоѓа во незавидна ситуација на почетокот од втората квалификациска фаза.
Европскиот првак од 2017 година е на последното место во својата група, разликата во однос на третопласираната Унгарија не е голема и изнесува само еден бод, но проблем е тоа што до крајот на квалификациите Словенија ќе биде Дончиќ. Тој не играше летово за националниот тим, а Словенците ги загубија сите три натпревари (два во јули и еден синоќа) и на сите им е јасно дека тимот без него е сосема поинаков.
Поради обврските во НБА, кошаркарот на Лејкерс нема да биде на располагање ни во ноемврискиот и февруарскиот „прозорец“. Последна шанса за Словенија да остане во игра ќе биде неделниот меч против Унгарија на домашен терен и ако го загуби тој натпревар, може да се прости со шансите за настап на Мундобаскетот во Катар идната година.


