Поранешниот шампион на Македонија, Работнички напорно работи што поподготвено да го дочека почетокот на новата сезона со која има уште околу еден месец.
Клубот има нова управа и се средува и на финансиски план за што доказ е тоа што веќе се решаваат заостанатите долгови. Од пред неколку месеци Работнички имаше осум казни од БАТ (Basketball arbitral tribunal на ФИБА) поради неисплатени долгови кон поранешни кошаркари. Поради тоа на клубот му беше забрането да регистрира странски кошаркари кои доаѓаат од други земји, но до почетокот на новата сезона е најавено дека сите долгови ќе бидат исплатени.
Три казни се веќе избришани, а од клубот уверуваат дека исплатени се и останатите петмина побарувачи, но администрацијата на ФИБА треба наскоро да ги регистрира по што ќе биде тргна забраната за регистрација на странци.
По финансиската стабилизација Работнички ќе се обиде конечно да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје и да се врати на шампионските патеки во домашното првенство.


