Адем Мекиќ ги пропушти јулските натпревари, но денеска покажа колку значи неговото присуство во македонската репрезентација.
Одигра извонреден меч на двата краја од теренот и со своето искуство, а заедно со останатите кошаркари, придонесе победата против Австрија да изгледа исклучително лесна. Македонија го отвори со победа новиот циклус, а Мекиќ е презадоволен од она што го демонстриравме во Виена.
“Извонреден резултат, добивме многу значаен натпревар, особено по првиот меч, односно првиот пораз на Австрија во во кипар кој беше малку и неочекуван. Знаевме дека тие ќе почнат многу офанзивно и многу физички, моравме да одговориме и многу сум горд на на своите соиграчи и на стручниот штаб што влеговме многу енергично многу мотивирано, со голема самодоверба и еве, резултатот е извојувана извонредна победа.
Многу е битно што играме како тим, знаеме кои се лидери на оваа репрезентација, тука е Нено, тука е Војдан, н секој има своја улога, сите ја извршуваме задачата што ни е зададена на максимум и ако продолжиме така, мислам дека дека има светла иднина во оваа полу-млада репрезентација“, рече Мекиќ.


