Поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во тимот е американскиот центар Рузвелт Вилер.
Тој доаѓа во Битола со солидно интернационално искуство, а во изминатата сезона настапуваше за швајцарските екипи Женева и Масањо. Станува збор за кошаркар висок 211 сантиметри, кој со својата физичка конституција треба да донесе дополнителна цврстина и присуство под обрачите.
Вилер ја почнал својата колеџ-кариера на Универзитетот Луисвил, а потоа продолжи на Ист Тенеси. Покрај настапите во Швајцарија, американскиот центар има искуство и од Чиле, каде што успеа да стигне до шампионската титула со екипата на Кулпе.
Вилер е трет странец во тимот на Пелистер, по Си Џеј Вилсон и Кемрон Мекдауел, а го има и Алонзо Едвард Денинг кој ќе игра како домашен играч бидејќи има македонско потекло и државјанство.


