Денеска од 20:30 часот во Удине се игра финалето на Меморијалниот турнир Пајета во кое ќе се сретнат амбициозниот грчки прволигаш ПАОК, предводен од Џеди Осман и Удине со македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.
Тоа ќе биде можност за нашиот кошаркар да го освои првиот пехар со новиот клуб и покрај тоа што станува збор само за пријателски турнир. Во вчерашното полуфинале, Јакимовски постигна шест поени, а Наполи ја совлада Реџана со 97-88.
ПАОК беше подобар од домаќинот Удине со 88-71 во меч во кој блескаше токму Осман со 22 поена.


