Екипата на Арис учествува на силен меѓународен турнир во Никозија, а синоќа се сретна со поранешниот европски шампион Макаби.
Израелците славеа со 92-87, а Арис иако речиси постојано бркаше резултатот, во финишот имаше своја шанса бидејќи поведе со 77-76 и подоцна израмни на 82-82. Сепак, Макаби потоа направи серија од 6-0 и не му дозволи на Арис да направи изненадување.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше најефикасен во тимот на Арис со 15 поени на кои додаде уште девет асистенции и четири скока, за нешто помалку од 26 минути наа теренот. Плејмејкерот заврши како прв стрелец и на дуелот против Викос Фалконс минатата недела.
Арис утре ќе се сретне со Црвена Звезда во борба за третото место на турнирот, додека во финалето ќе играат Олимпијакос и Макаби.


