Шпанскиот шампион Валенсија ја заврши претсезоната со победа од 93-91 против Коснeр Басконија во финалето на турнирот „ЕнсестаРиас“ во Понтеведра.
Натпреварот беше решен во последниот напад, а херој на Валенсија беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, кој со две слободни фрлања го постави конечниот резултат. Шортс беше и најефикасен кај победничкиот тим со 22 поени, потврдувајќи дека ќе биде еден од главните адути на Валенсија во новата сезона.
Со ова, Валенсија ја одбрани титулата на турнирот „ЕнсестаРиас“ и ја заврши претсезоната со три победи од три натпревари. Следниот предизвик за тимот на Чави Алберт е Суперкупот на Шпанија, каде што во полуфиналето ќе се соочи со Барселона.
Шампионот на Шпанија во текот на летото претрпе огромни промени, си заминаа речиси сите кошаркари кои ја освоија титулата во АЦБ лигата, а отиде и тренерот Педро Мартинез кој од оваа сезона ќе го води Реал.


