Непријатен момент за Арис и македонската репрезентација на пријателскиот натпревар против Црвена Звезда, на Кипар.
Ненад Димитријевиќ мораше да го напушти паркетот во средината на третата четвртина, откако се повреди по еден силен блок од Џонатан Мотли. Нашиот кошаркар го удри левиот лакт, по што падна на паркетот и веднаш се упати кон клупата. Тренерот Василис Спанулис го повлече од игра за да биде прегледан од медицинскиот тим.
Инцидентот се случи во третата четвртина, а по дуелот имаше и кратка тензија меѓу играчите на двата тима. Судиите дополнително ја разгледаа ситуацијата на видео и проценија дека немало недозволен потег од страна на Мотли. Засега нема детални информации за сериозноста на повредата на Димитријевиќ, па останува да се види каква ќе биде неговата состојба по медицинските прегледи. За безмалку 18 минути на теренот денеска, тој постигна четири поени и седум асистенции.
За Арис, кој на овој меч одигра одлично и славеше убедливо против Црвена Звезда, со 98-74, најважно сега е повредата на македонскиот плејмејкер да не биде сериозна.


