Екипите на ТФТ и Куманово обезбедија пласман во финалето од првото издание на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски – Петкото“ кој вчера и денеска се одржува во Битола.
Во првиот полуфинален меч, Куманово беше подобар од Пелистер со 80-61, додека ТФТ го совлада шампионот МЗТ Скопје со 85-73. Убедливите победи на Куманово и ТФТ се најава за мошне интересна сезона која почнува за 20-тина дена.
Мечот за третото место меѓу Пелистер и МЗТ Скопје се игра денеска од 15 часот, а два часа подоцна, за трофејот ќе се борат Куманово и ТФТ.


