Групата на МЗТ Скопје во ФИБА Европа купот доби уште еден член откако кипарскиот АЕК Ларнака доживеа елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите.
АЕК загуби од романската Орадеа со 87-95 и својот настап на европска сцена го продолжува во групата Е од ФИБА Европа купот. Кипарскиот клуб е петти член на ова друштво, покрај МЗТ Скопје, Тарту, Ираклис и Вирцбург.
Последниот може да биде познат веќе денеска кога полскиот тим Џики го игра квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите. Ако Џики загуби од Рига, ќе ја комплетира групата Е во ФИБА Европа купот, а со тоа и МЗТ Скопје ќе го добие конечниот распоред на натпревари за новата сезона во европското натпреварување.


