Црвена Звезда му се одмазди на Арис за минатонеделниот пораз откако вечерва го совлада со 91-87 во пријателски натпревар во Белград.
Иако српскиот тим имаше и десет поени предност, победникот се решаваше во последните минути кога Арис потклекна и доживеа пораз. До крајот во игра го држеше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој повторно беше најефикасен во својот тим.
За безмалку 22 минути во игра, нашиот кошаркар постигна 16 поени со два скока и три асистенции, а повеќе поени на целиот натпревар реализира само противничкиот кошаркар Џордан Нвора (25).
Арис претстојната недела ќе учествува на уште еден турнир во Солун на кој ќе биде присутен и ТФТ, а сезоната официјално ја почнува на 29 септември против Ле Ман во Еврокупот.


