Реал Мадрид и Олимпијакос ќе се борат за историскиот прв трофеј во Суперкупот на Евролигата, откако двата европски гиганти триумфираа во своите полуфинални натпревари во Абу Даби.
Олимпијакос прв обезбеди место во финалето, откако во драматичен натпревар го совлада Фенербахче со 92-90. Иако турскиот тим имаше контрола врз поголемиот дел од натпреварот, грчкиот состав одигра одлична завршница и стигна до победата. За Олимпијакос ова ќе биде можност да го освои првиот трофеј во сезоната и да го додаде новиот Суперкуп во својата витрина.
На Олимпијакос во финалето ќе му се спротивстави Реал Мадрид, кој во вториот полуфинален меч го совлада Дубаи со 98-95, по продолжение. Регуларниот дел заврши 88-88, а шпанскиот гигант беше посигурен во дополнителните пет минути.
Реал имаше тешка задача, бидејќи Дубаи одлично го отвори натпреварот и по првата четвртина водеше со 27-18. Тимот од ОАЕ ја задржа предноста и во најголем дел од првото полувреме, но шпанскиот состав со серија од 11-0 пред паузата се вратија во игра. По 20 минути Дубаи имаше само еден поен предност – 43-42.
Во продолжението се водеше израмнета битка, а по 40 минути резултатот беше 88-88. Во продолжението Реал успеа да го скрши отпорот на домаќинот и да обезбеди пласман во големото финале. Во составот на Реал се истакна Еди Таварес, кој натпреварот го заврши со 20 поени.
Така, во финалето на првото издание на Суперкупот на Евролигата ќе гледаме дуел меѓу актуелниот европски шампион Олимпијакос и минатогодишниот финалист Реал Мадрид. Финалето е закажано за сабота, 19 септември, од 20 часот во „Етихад Арена“ во Абу Даби.
Победникот ќе биде запишан во историјата како прв освојувач на Суперкупот на Евролигата.


