Откако во неделата официјално завршија квалификациите за Лигата на шампионите, познат е распоредот на натпревари на МЗТ Скопје во ФИБА Европа купот.
Три потенцијални ривали од неговата група играа во квалификациите за ЛШ, но ниедна не успеа да се пласира во главната фаза од тоа натпреварување. Најдалеку стигна Џики кој во финалето загуби од германската Вехта. Ова значи дека во групата на МЗТ Скопје ќе бидат ?Вирцбург од Германија, Џики од Полска, Тарту од Естонија, АЕК Ларнака од Кипар и Ираклис од Грција.
Токму против солунскиот тим, МЗТ Скопје ќе го почне својот настап во ФИБА Европа купот, на 6 октомври на домашен терен, а до крајот на годинава ќе ги одигра сите десет меча. Во меѓувреме, аеродромци ги очекува и настап во АБА 2 лигата, како и во домашното првенство, а сезоната официјално ќе ја отвори в сабота, против МКК Куманово, во домашниот Суперкуп.
Позитивно во сето тоа е што од 24 октомври до 5 декември, шампионот нема да има натпревари во АБА 2 лигата, па ќе може да се фокусира на ФИБА Европа купот каде во тој период има три гостувања.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
06.10.2026 МЗТ Скопје – Ираклис
14.10.2026 МЗТ Скопје – Тарту
20.10.2026 Вирцбург – МЗТ Скопје
27.10.2026 МЗТ Скопје – АЕК Ларнака
04.11.2026 Џики – МЗТ Скопје
11.11.2026 Ираклис – МЗТ Скопје
18.11.2026 Тарту – МЗТ Скопје
09.12.2026 МЗТ Скопје – Вирцбург
16.12.2026 АЕК Ларнака – МЗТ Скопје
23.12.2026 МЗТ Скопје – Џики


