Екипата на Партизан ќе се врати во салата „Александар Николиќ“, попозната како „Пионир“, во текот на новата сезона.
Црно-белите најголемиот дел од своите натпревари ќе ги играат во белградската Арена, но поради распоредот и достапноста на салата, дел од средбите ќе мора да ги одиграат во „Пионир“.
За навивачите на Партизан ова ќе биде посебен момент. „Пионир“ има огромно значење во историјата на клубот, а токму во оваа сала со години се создаваше препознатливата атмосфера по која се познати црно-белите. Партизан во новата сезона влегува со големи амбиции и значително изменет состав. Тимот ќе настапува во Евролигата и АБА лигата, а целта повторно ќе биде борба за трофеи.


