Реал Мадрид не ја почна новата сезона во Евролигата според очекувањата, откако вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Дубаи со 77-78.
Шпанскиот гигант имаше одлична можност да стигне до победата, особено затоа што во последната четвртина влегзе со предност, а на три минути пред крајот водеше со 77-71. Сепак, тогаш следуваше целосен пад во играта на Реал.
До крајот, Реал не постигна ниту еден поен, додека Дубаи направи серија од 7-0 и го презеде водството. Во последниот напад Реал имаше шанса да го сврти резултатот, но Филип Петрушев одигра одлична одбрана, а обидот на Фелиз не заврши во кош.
Најефикасен кај домаќините беше Двејн Бејкон со 24 поени, пет скока и четири асистенции, додека Мекинли Рајт додаде 12 поени. Кај Реал, Луваву-Кабаро и Маледон постигнаа по 11 поени, додека Јантуенен и Демијан Џонс завршија со по 10.


