Ти Џеј Шортс имаше совршено деби во Евролигата со Валенсија, откако американскиот плејмејкер со македонски пасош беше најзаслужен за триумфот на шпанскиот тим на гостувањето кај Бешикташ со 96-94.
Во исклучително неизвесен натпревар, Шортс беше најдобар стрелец на Валенсија со 26 поени, а неговиот придонес беше особено важен во драматичната завршница. Заедно со Камерон Тејлор, тој го предводеше пресвртот на гостите во последната минута и го донесе својот тим до водство.
Шортс го постигна и кошот за победа, на 76 секунди пред крајот, со што Валенсија ја презеде предноста и го остави Бешикташ со последниот напад. Домашниот тим имаше повеќе можности да израмни или да победи, но не успеа, Џејлен Ноул последен се обиде со шут за три поени, ама беше непрецизен, па гостите го прославија големиот триумф.
TJ Shorts. Right on time. ⏱️💥@valenciabasket pic.twitter.com/TgmPHe0Yun
— EuroLeague (@EuroLeague) September 25, 2026
Валенсија имаше и можност порано да ја обезбеди победата, но Тејлор промаши две слободни фрлања на 15 секунди до крајот. Сепак, Бешикташ не успеа да ја искористи подарената шанса. Покрај Шортс со 26 поени, Никола Миротиќ постигна 13, додека Тејлор заврши со 12 поени и седум скока.
За Бешикташ, Оморуји и Ноул постигнаа по 17 поени, но тоа не беше доволно за турскиот тим да избегне пораз на домашен терен.


