Кошаркарите на Партизан на спектакуларен начин ја отворија новата сезона во Евролигата откако синоќа на домашен терен ја совладаа Олимпија Милано со 92-76 и по пауза од дури 19 години стигнаа до победа во првото коло од елитното европско натпреварување.
Последен пат Партизан славеше на стартот на Евролигата во сезоната 2007/08, кога на домашен терен ја победи Барселона со 81-78. Тогаш блескаше Никола Пековиќ со 29 поени и осум скока. Безмалку две децении подоцна, главната улога ја презеде Карлик Џонс. Американскиот плејмејкер одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за триумфот над италијанскиот тим со 20 поени, четири скока и дури 10 асистенции.
Интересно е што и во 2007 година Партизан по победата во првото коло патуваше во Франција. Тогаш следен противник беше Роан, а сега „црно-белите“ ќе гостуваат кај Париз на 29 септември.


