Партизан реагираше по повредата на Дерек Вилис и го врати добро познатото лице во своите редови. Францускиот крилен играч Банџа Си потпиша краткорочен договор со „црно-белите“ и веднаш му е на располагање на тренерот Жоан Пењароја.
Си, кој има 36 години и е роден во Париз, ги мина комплетните подготовки со Партизан, а настапи и на затворените пријателски натпревари против Зенит и Хапоел Тел Авив. Тоа значи дека веќе е запознаен со системот и со барањата на стручниот штаб.
Французинот првпат играше во Партизан во текот на сезоната 2017/18, а со белградскиот клуб освои два Купа „Радивој Кораќ“, во 2018 и 2019 година. По заминувањето од Белград, во кариерата настапуваше за Андора, Метрополитан, Париз и романската Орадеа.
Неговото враќање доаѓа во момент кога Партизан има проблеми со повредите. Покрај Вилис, надвор од составот се и Вања Маринковиќ и Жофри Ловерњ, па искусниот Си ќе треба да донесе дополнителна енергија и ширина во ротацијата.
Партизан неделава го очекува згуснат распоред во Евролигата, со гостувања кај Париз и Баерн Минхен, а Си веќе е подготвен да помогне во вториот мандат во дресот на белградскиот клуб.


