Нова сезона во Евролигата, а стартот донесе сценарио кое малкумина го очекуваа – по две одиграни кола, Црвена звезда е без победа, додека Партизан има максимален учинок.
Пред почетокот на сезоната, аналитичарите беа категорични дека Партизан нема што да бара во елитното друштво, додека на Звезда ѝ се предвидуваше борба за топ-10. Кампањата е на почеток, но од она што можеше да се види досега, „црно-белите“ ќе имаат што да кажат.
Звезда ја почна сезоната со пораз од Жалгирис во Белград (77-83), а вечерва претрпе уште еден минимален неуспех, откако Хапоел Тел Авив славеше во Арена со 81-80. Избраниците на Ибон Наваро имаа можност да стигнат до пресврт, но на крајот останаа без бодови и по две кола се наоѓаат на 0-2.
Од другата страна, Партизан има совршен старт. По домашната победа над Олимпија Милано со 92-76, „црно-белите“ вечерва славеа и на гостувањето кај Париз со 92-79, со што стигнаа до втор триумф во првите две кола.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Дубаи – Барселона 94-87
Анадолу Ефес – Реал 94-84
Жалгирис – Олимпијакос 91-93
Фенербахче – Баерн 100-76
Црвена Звезда – Хапоел 80-81
Милан – Виртус 87-85
Валенсија – Басконија 111-88
Париз – Партизан 79-92


