НБА е пред одлука за новата франшиза во Лас Вегас, а во трката за сопствеништво останале три групации.
Според последните информации, понудите за проектот, кој ја вклучува и изградбата на нова арена, достигнуваат меѓу 12 и 13 милијарди долари.
НБА планира одлуката за проширувањето да биде донесена до крајот на годината. Новиот тим во Лас Вегас би можел да започне со натпреварување од сезоната 2028/29.
Покрај Лас Вегас, лигата разгледува и проширување во Сиетл, со што би се отворила можност за враќање на Суперсоникс во НБА.


