Реал Мадрид доживеа уште еден пораз во Евролигата, откако во третото коло загуби од Хапоел Тел Авив со 98-102 во натпревар одигран во Софија.
За „кралевите“ ова беше трет пораз во исто толку натпревари, па тимот на Педро Мартинез остана без победа на стартот од сезоната. Тоа е најлош старт во историјата на Реал Мадрид во Евролигата.
Хапоел подобро го отвори натпреварот и уште во првата четвртина создаде предност. Во третиот период беше +22 (67-45) и се чинеше дека мадридскиот тим ќе доживее дебакл. Сепак, по одлично одиграната трета четвртина, Реал успеа целосно да се врати во игра додека Реал Мадрид во продолжението успеваше да се врати во игра, па дури и да поведе со 75-74 Сепак, домаќинот остана присебен, повторно дојде до водство и на крајот стигна до вреден триумф.
Интересно е што Хапоел и Реал повторно се сретнаа по минатогодишната четвртфинална серија. Реал тогаш славеше со 3-1 и обезбеди пласман на Фајнал-фор, а пред вечерашниот дуел имаше пет победи во шест меѓусебни средби.
Овојпат Хапоел успеа да возврати и да му нанесе уште еден удар на шпанскиот гигант, кој по три кола има скор 0-3 и ќе мора да ја бара првата победа во продолжението од сезоната.


