Македонскиот кошаркар Лејсон Зеќири е избран за најкорисен играч (МВП) за месец септември во Суперлигата на Косово.
Зеќири, кој настапува за Башкими од Призрен, го доби признанието за одличниот старт на сезоната, а наградата му беше врачена пред натпреварот против Трепча.
Нашиот репрезентативец уште во првото коло покажа дека ќе биде еден од лидерите на својот тим. Во убедливата победа над Јили, Зеќири постигна 17 поени, четири скока и една асистенција, со индекс 17. Добрата форма продолжи и во следните натпревари, а неговиот придонес беше значаен и во победата на Башкими над актуелниот шампион Трепча. Во тој натпревар Зеќири запиша 10 поени, осум скока и три асистенции, во триумфот на својот тим од 84-76.
За Зеќири ова е убаво признание за одличниот почеток на сезоната, во која Башкими веќе покажа амбиции да биде сериозен фактор во косовската кошарка. Освен тоа, неговата форма е мошне значајна пред продолжението од претквалификациите за Европското првенство во чии рамки идниот месец играме против Кипар на домашен терен.
Косовската лига напредува од сезона во сезона и во моментов поседува огромен квалитет. Покрај големите буџети, клубовите можат да се пофалат и со голем број поранешни ѕведи кои настапувале во силни европски лиги.


