Меморијалниот натпревар во чест на Ѓорѓи Божиновски – Џоке во Гостивар заврши, но пораката од овој настан останува многу поголема од резултатот на теренот.
Во спортска атмосфера исполнета со почит и емоции, кошаркарките клубоци Гостивар и Шар Планина одиграа натпревар кој имаше посебно значење. Кошаркарскиот дуел беше организиран во чест на човекот чие име и дело продолжуваат да живеат во сеќавањето на неговите блиски, пријатели и спортската заедница.
Победи Гостивар, но овојпат резултатот беше во втор план. Најважни беа хуманоста, солидарноста и заедништвото. Двата клуба со своето учество испратија порака дека спортот има сила да ги поврзува луѓето и да создава моменти во кои се негувуваат спомените.

Посебна благодарност беше упатена до сите кои беа дел од овој хуман настан и помогнаа тој да помине во духот на почитта, човечноста и солидарноста.
Во Гостивар кошарката овојпат беше многу повеќе од спорт. Беше начин да се зачува споменот и да се покаже дека едно име продолжува да живее преку заедништвото и добрината на луѓето.


