Леброн Џејмс направи вистински спектакл на првиот јавен настап пред навивачите на Филаделфија, откако летово пристигна во тимот на Севентисиксерс.
На отворениот тренинг во Филаделфија се собраа речиси 10.000 навивачи, кои со овации го пречекаа еден од најголемите кошаркари во историјата. Џејмс покажа дека и на 41 година сè уште има што да понуди, со атрактивни забивања, тројки и асистенции.
Посебно внимание привлече и бројот на неговиот нов дрес. Долго време тој го носеше бројот 23, но на првиот тренинг во Филаделфија се појаи со бројот 9. Тоа е број кој досега не беше негов заштитен знак во НБА, па промената претставуваше интересен детал.
Една од највпечатливите акции на тренингот беше кога Тајрис Макси го проигра Леброн за атрактивно забивање. Џејмс потоа покажа дел од својот препознатлив репертоар со одлична асистенција зад грб, а погоди и далечна тројка.
Леброн во новиот тим ќе игра со големи ѕвезди како Жоел Ембид, Тајрис Макси и Џејлен Браун. Филаделфија има високи амбиции и се надева дека со искусниот Џејмс конечно може да се врати во борбата за шампионската титула.
За Леброн ова ќе биде ново поглавје во кариерата и рекордна 24. сезона во НБА. По осум години поминати во Лос Анџелес Лејкерс, тој сега ќе се обиде да му помогне на тимот од Филаделфија да стигне до самиот врв.
Сиксерс последен пат ја освоика НБА титулата во 1983 година, а сега се очекува комбинацијата на искуството на Леброн и квалитетот на останатите ѕвезди да донесе нови успеси. Џејмс досега освои четири шампионски титули со три различни екипи – Мајами, Кливленд и Лејкерс. Доколку триумфира и со Филаделфија, ќе испише нова страница во историјата на НБА.


