Навивачите на Арис приредија вистинска жолто-црна ерупција на првиот домашен натпревар во Еврокупот.
Во преполната Александрио Арена гостува Бургос, а околу 6.000 навивачи од рано ги исполнија трибините и создадоа атмосфера каква што одамна не е видена во Солун. Кулминацијата дојде пред самиот почеток. При традиционалното навивачко шоу, од трибините беа фрлени илјадници жолти ливчиња и ленти, кои буквално го покрија целиот паркет.
Наместо веднаш да започне натпреварот, организаторите мораа да го расчистуваат теренот. Поради спектаклот на навивачите, планираниот почеток во 20:00 часот доцнеше околу 20-25 минути. Заедно со играта и дополнителните прекини, првото полувреме се пролонгира на точно 90 минути.
🔥 PURE BASKETBALL ATMOSPHERE 🔥 🟡⚫ ARIS THESSALONIKI fans go WILD ONLY in Europe 👀 https://t.co/S4PczpM769
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) October 7, 2026
Така, навивачите на Арис уште еднаш покажаа дека европските натпревари во Солун имаат посебна атмосфера. На трибините беше и легендарниот Никос Галис, кој беше пречекан со огромни овации од публиката.
За Арис ова е првиот официјален домашен натпревар во новата сезона, а победата на гостувањето кај Ле Ман во првото коло дополнително го разгоре ентузијазмот кај навивачите.


