Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во дресот на Арис, кој пред своите навивачи го совлада Сан Пабло Бургос со 93-80 и стигна до втора победа во Еврокупот.
Македонскиот репрезентативец беше еден од главните играчи во убедливиот триумф, постигнувајќи 21 поен и шест асистенции. Димитријевиќ беше особено важен во моментите кога Арис го градеше убедливото водство, а со својата игра во нападот и организацијата на акциите постојано ја држеше контролата на натпреварот.
Уште поголема тежина има неговата партија ако се знае дека ја одигра пред очите на легендарниот Никос Галис, кој беше присутен натпреварот во арената која го носи неговото име.
🫨🫶🏻 Ο Γκάλης πήρε θέση στα court seats του «Nick Galis Hall» που σείστηκε στην παρουσία του! 🥹🙌🏻 Ο θρύλος του ελληνικού μπάσκετ γνώρισε την αποθέωση από το κοινό των «κιτρίνων» πριν τον αγώνα με τη Μπούργκος. https://t.co/17cP34pEdo
— Athletiko (@athletiko_gr) October 7, 2026
Арис одлично го отвори натпреварот и по првата четвртина водеше со 28-14. Во вториот период домашниот тим продолжи во ист ритам и на пауза замина со огромни 53-30. Димитријевиќ и соиграчите во продолжението дозволија Бургос да се врати во игра и да намали на 69-55 по третата четвртина, но Арис веднаш одговори. Со серија од 11-2 повторно избега на голема разлика и до крајот без проблем ја сочува победата.
Покрај Димитријевиќ, кај Арис се истакнаа Вангелис Хараламбопулос со 13 поени, Џеремаја Робинсон-Ерл со 11 поени и 10 скока, како и Адам Мокока и Мет Морган со по 11 поени. За Арис ова беше втор триумф во исто толку натпревари во Еврокупот, по победата над Ле Ман на стартот на сезоната.
Следен противник на тимот од Солун ќе биде Тортoна, на 14 октомври.


