Панатинаикос продолжува со совршениот старт во новата сезона од Евролигата. Тимот од Атина го декласира Фенербахче со 92-74 и стигна до четвртата победа во исто толку натпревари.
Грчкиот состав одигра одлично второ полувреме и го скрши отпорот на поранешниот европски првак. По израмнетиот прв дел, Панатинаикос го засили ритамот и во продолжението стигна до убедлив триумф. Со тоа тимот предводен од Жељко Обрадовиќ останува меѓу единствените непоразени во натпреварувањето.
До првиот триумф во сезоната стигна Реал кој на домашен терен го победи Партизан со 86-76. За белградскиот тим ова беше прв пораз, по трите победи на почетокот од кампањата со кои ги изненадија дури и своите навивачи.
Од четвртото коло на Евролигата остануваат уште три натпревари кои се на програмата во текот на утрешниот ден.
Резултати – 4. коло:
- Париз – Асвел 96-98
- Макаби – Олимпија Милано 97-79
- Дубаи – Црвена Звезда 58-77
- Баерн – Виртус 87-94
- Панатинаикос – Фенербахче 92-74
- Валенсија – Хапоел 93-82
- Реал Мадрид – Партизан 86-76


