Поранешниот шампион на Македонија, Работнички дојде и до втората победа во домашното првенство во новата сезона откако вечерва на домашен терен го совлада Тиквеш со 86-70.
Тимот од Градски парк покажа голема моќ на овој натпревар, а прашањето околу победникот го реши уште во првото полувреме. Отвори со 9-0, на средина од првата четвртина водеше со 15-4, а Тиквеш потоа делумно се консолидира и успеа да намали на пет разлика во два наврата.
Ураганот следуваше во вториот квартал кој Работнички го отвори со серија од 10-0 за водство од 29-14, а по 20 минути игра имаше огромна предност од 49-26. Второто дело беше само формалност, а Тиквеш до крајот успеа делумно да го ублажи поразот и да ја поправи сликата од овој натпревар.
Ефремовски го заврши мечот како најдобар стрелец со 21 поен, но со дабл дабл се истакнаа Рикиќ и Говенс – првиот со 14 поени и 13 скока, а вториот со 12 поени и 11 асистенции. Сукс со 18 поени го предводеше Тиквеш кој, сепак, ја оствари својат цел и од првите две гостувања се врати со една победа.


