Две децении по почетокот на својата НБА-кариера, Двајт Хауард отвори ново поглавје во својот живот. Искусниот американски центар дебитираше за Блек Фортерс од Тбилиси во грузиското првенство и веднаш покажа дека сè уште може да биде сериозен фактор под кошевите.
Хауард на своето деби против Ивериони постигна 12 поени, имаше седум скока и три блокади за само 17 минути на паркетот. Шутираше 5/8 од поле и имаше добар индивидуален настап, но неговиот тим сепак загуби со 70-75.
За 40-годишниот ветеран ова е ново поглавје во кариерата, која го однесе од самиот врв на НБА лигата до неочекуван ангажман во Грузија. Неговото доаѓање привлече големо внимание, особено поради фактот што станува збор за кошаркар кој остави длабока трага во најсилната лига на светот.
🚨 Dwight Howard, Gürcistan’da ilk maçına çıktı! 40 yaşında profesyonel basketbola dönen Howard, sadece 17 dakika sahada kalmasına rağmen 12 sayı, 7 ribaund ve 3 blokla oynadı. https://t.co/YZXwvUpJGd
— Basket Merkezi™ (@BasketMerkez) October 10, 2026
Хауард беше прв пик на драфтот во 2004 година, кога го избра Орландо Меџик. Во текот на кариерата осум пати настапи на Ол-стар натпреварот, трипати беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА, а во 2020 година ја освои шампионската титула со Лос Анџелес Лејкерс. Во 2025 година беше примен и во Кошаркарската куќа на славните.
Иако неговото деби беше индивидуално успешно, Хауард не успеа да му помогне на Блек Фортерс да стигне до победата. Сепак, неговото искуство и присуството под кошевите би можеле да бидат значаен адут за тимот од Тбилиси во продолжението од сезоната.


