Безмалку една година откако си замина од „црно-белиот“ табор и 13 по последниот дуел, Жељко Обрадовиќ повторно ќе се најде на спротивната страна од Партизан.
Српскиот стратег, кој остави длабока трага во историјата на белградскиот клуб, овојпат ќе се соочи со својот поранешен клуб како кормилар на противнички тим, во натпревар од Евролигата кој носи посебна емоционална тежина.
Последен пат Обрадовиќ водеше тим протв Партизан во декември 2013 година, кога беше тренер на Фенербахче. Тогаш белградскиот тим приреди изненадување и славеше со 79-77 во Истанбул, во дуел во кој турскиот состав важеше за фаворит.
Победата имаше големо значење за Партизан, кој под водство на Душко Вујошевиќ успеа да се пласира во топ 16 фазата од Евролигата. За црно-белите тоа беше и последната сезона во елитното европско натпреварување пред враќањето во 2022 година. Сега, по повеќе од една деценија, патиштата повторно им се вкрстуваат на Обрадовиќ и клубот со кој е поврзан еден од најзначајните периоди во неговата тренерска кариера. Неговото име има посебно место кај навивачите на Партизан, па затоа претстојниот дуел ќе биде многу повеќе од обичен натпревар.
Средбата ќе се одигра во белградската Арена, пред полни трибини и публика која добро го познава тренерот што во 1992 година го предводеше Партизан до европската титула.
Нема сомнение дека дуелот ќе предизвика многу емоции на двете страни, но ако се земе само спортскиот аспект, Партизан ќе има исклучително тешка задача да го повтори подвигот од пред 13 години.


