Три клуба од Суперлигата добија големи парични казни поради однесувањето на нивните навивачи на натпреварите од второто коло.
Најлошо помина Работнички кој треба да плати 30 илјади денари поради тоа што навивачите го плукале судијата Иван Мијалковски. Интересно е тоа што клубот од Градски парк е опоменат бидејќи во салата немало државно знаме, а иронијата е уште поголема поради тоа што Сити Парк Бојс пред мечот истакнаа патриотски пароли за Македонија.
Казни поради навивачите им се изречени и на МКК Куманово и Штип кои играа меѓу себе минатиот викенд. МКК Куманово треба да плати 15 илјади, а Штип 10 илјади денари поради „неспортско скандирање на двете навивачки групи кон судиите, а домашните во еден случај и кон КФМ“.
Интересно е тоа што поради однесувањето на навивачите е казнет и прволигашот Овче Поле и тоа со 10.000 денари.


