Голем инцидент ја одбележа атмосферата пред евролигашкото дерби меѓу Партизан и Црвена звезда. Во Белградската арена дојде до физичка пресметка во која беа вклучени навивачи на двата белградски ривали и полициски службеници.
Според информациите од српските медиуми, конфликтот започнал меѓу приврзаниците на Црвена звезда и полицијата, по што ситуацијата ескалирала и во инцидентот се вклучиле и навивачи на Партизан.
Напнатата атмосфера во салата прераснала во хаос, поради што полициските сили морале да интервенираат за да ги разделат учесниците и да воспостават ред на трибините.
Tuča navijača Partizana, Crvene zvezde i policije pred start derbija… #kkp #kkcz #zvezda #partizan #euroleague #beograd #srbija #serbia #izbori #studenti #vucic https://t.co/1ZeiPRbwV6
— Sport Klub (@sportklub) October 22, 2026
Инцидентот се случил пред почетокот на натпреварот, кој привлече огромно внимание поради големото ривалство меѓу двата белградски клуба. Дербито во Евролигата традиционално носи огромен интерес, но овојпат дел од вниманието го украдоа немилите сцени надвор од кошаркарскиот терен.
Засега нема потврдени информации за евентуално повредени лица, ниту за конечниот број приведени учесници во пресметката.


