Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја продолжија победничката серија во НБА-лигата, совладувајќи ги Лос Анџелес Клиперс со 108-101, но триумфот остана во сенка на тешката повреда на Џејлен Вилијамс.
Еден од најважните играчи на актуелниот шампион се повреди во самиот финиш од натпреварот, кога остануваа уште една минута и 14 секунди до последниот звук на сирената. Вилијамс тргна во продор кон кошот, по што незгодно падна и ја повреди левата потколеница.
Медицинскиот тим веднаш влезе на теренот, а набргу беа донесени и носилки. Натпреварот беше прекинат околу пет минути додека му се укажуваше помош на кошаркарот. Играчите на двата тима со неверување ја следеа ситуацијата, а Вилијамс на крајот беше изнесен од теренот на носилки.
Засега нема официјална дијагноза за повредата, ниту процена колку долго ќе отсуствува од терените. Тренерот на Оклахома, Марк Дајно, најави дека дополнителни информации за состојбата на кошаркарот се очекуваат во текот на понеделникот.
И покрај тешкиот момент, Вилијамс успеа да ги крене двата палци додека го изнесуваа од паркетот, испраќајќи порака до навивачите кои го поздравија со силен аплауз. Емотивна беше и реакцијата на Шеј Гилџес Александер, лидерот на Оклахома, кој тешко ги задржуваше емоциите зборувајќи за својот соиграч.
„Едноставно ми е жал за него. Ништо повеќе од тоа“, изјави канадскиот кошаркар.
Јасно е дека со оваа повреда завршува сезоната за Вилијамс, а со тоа можеби и надежите на Оклахома дека ќе се вмеша во борбата за шампионската титула во НБА лигата.


