Лука Дончиќ продолжува со фантастични настапи на стартот од новата НБА сезона, но неговите извонредни бројки не беа доволни Лос Анџелес Лејкерс да ја продолжи победничката серија. Екипата од Калифорнија загуби од Портланд со 129-136 и го запиша првиот пораз по трите почетни триумфи.
Словенечкиот ас постигна 41 поен, пет скока и девет асистенции, со што стигна до вкупно 93 поени на последните два натпревара. Претходно, против Јута, Дончиќ блесна со 52 поени, но овојпат неговиот учинок не беше доволен за нова победа.
Остин Ривс го следеше со 26 поени и седум асистенции, но Портланд имаше повеќе расположени кошаркари. Дени Авдија и Џа Морант постигнаа по 23 поени, Џру Холидеј додаде 22, а Дејмијан Лилард заврши со 21 поен.
Гостите ја задржаа контролата во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот, прекинувајќи го совршениот почеток на Лејкерс. Портланд, пак, продолжи со максимален ефект и по третиот одигран натпревар.
Резултати:
- Бостон – Бруклин 125-124
- Њујорк – Детроит 111-97
- Сан Антонио – Сакраменто 130-103
- Лејкерс – Портланд 129-136


