Македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ ја напушти клупата на полскиот прволигаш Старогард Гдањски по неполни две години на клупата на тимот.
Во тој период го предводеше тимот на 58 натпревари, од кои оствари 33 победи, а 20 триумфи беа пред домашната публика. Под негово водство клубот го оствари најдобриот старт во историјата, речиси една година не загуби на свој терен, се врати во плеј-офот и се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во лигата.
Во соопштението од клубот се истакнува дека и тешките моменти се дел од заедничката приказна, но дека не ја намалуваат вредноста на она што заедно го доживеаја. На Радуловиќ му се заблагодарија за срцето, посветеноста и емоциите што ги сподели со тимот и со навивачите.
До именувањето на нов главен тренер, привремено должностите на првиот тренер ќе ги извршува Мајкл Лидковски.
Радуловиќ ја презеде клупата на Старогард на почетокот од 2025 година.


