Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар во НБА-лигата, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до победа од 131-125 над Торонто Репторс.
Словенечкиот ас блескаше на паркетот и средбата ја заврши со неверојатни 45 поени, 15 скока, шест асистенции и пет украдени топки, потврдувајќи ја својата фантастична форма на почетокот на сезоната.
Дончиќ притоа испиша и историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на еден натпревар успеал да забележи најмалку 15 скока, пет асистенции, пет украдени топки и пет погодени тројки. Неговата шутерска вечер беше подеднакво импресивна – Лука погоди дури осум тројки и беше убедливо најзаслужен за новиот триумф на тимот од Лос Анџелес.
Лејкерс уште од почетокот го контролираа натпреварот, а во еден момент имаа и огромни 26 поени предност. Торонто се обиде да се врати во последната четвртина и успеа да ја намали негативата, но немаше сили за целосен пресврт. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до петтиот триумф на седум одиграни натпревари сезонава.
Она што особено импресионира е континуитетот на Дончиќ. На последните четири натпревари словенечкиот кошаркар постигна неверојатни 175 поени, со последователни партии од 52, 41, 37 и 45 поени.
Во негова сенка, Остин Ривс додаде 19 поени, додека Вокер Кеслер запиша 16 поени и 15 скока.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Лејкерс – Торонто 131-125
Голден Стејт – ЛА Клиперс 124-112
Индијана – Бруклин 90-98
Орландо – Бостон 97-108


