Плејмејкерот на Штип, Хусеин Бајрам успешно ја помина операцијата на тетивата на коленото.
Клубот ја потврди информацијата преку своите официјални канали, упатувајќи му поддршка на својот кошаркар и желби за брзо и целосно закрепнување.
„Нашиот Хусеин Бајрам вчера успешно ја помина операцијата на тетивата на коленото. Целиот тим и клубот му посакуваат брзо и целосно закрепнување и успешно враќање на теренот“, објави дебитантот во елитната конкуренција.
Бајрам се повреди во првиот напад од мечот од првото коло во Суперлигата, против Тиквеш, одигран на почетокот од октомври. За жал, тоа ќе биде единствен настап за него оваа сезона бидејќи го чека долга пауза и јасно е дека на терените ќе се врати дури догодина ова време.
Бајрам е „дете“ на Вардар, а во Штип пристигна во септември годинава од редовите на МКК Куманово. Претходно краток период беше член и на Кожув.


