Пред точно 30 години, скопски Аеродром беше центарот на европската кошаркарска сцена.
На 6 ноември 1996 година, МЗТ Скопје приреди еден од најголемите успеси во својата историја, совладувајќи го европскиот гигант Реал Мадрид со 69-68 во Купот Сапорта.
Во време кога европската кошарка беше исполнета со големи имиња и клубови со богата традиција, МЗТ покажа дека може да се надигрува со најсилните. Противникот беше Реал Мадрид, клуб со огромно европско реноме кој на клупата го имаше Жељко Обрадовиќ, а прва ѕвезда беше Дејан Бодирога, но домашниот состав одигра натпревар во кој резултатот остана неизвесен до самиот крај. Слободните фрлања на Перо Блажевски за победа се едни од најсветлите моменти во историјата на македонската кошарка.
Овој резултат има посебно место и во пошироката историја на македонската кошарка. Да се совлада Реал Мадрид во европско натпреварување беше голем успех и за поголеми клубови, а тоа е потврда за квалитетот на тогашната генерација на МЗТ.
Три децении подоцна, датумот 6 ноември повторно е повод за потсетување на една од најголемите европски победи на клубот од Аеродром.


