Со биланс од пет победи во првите пет кола, Работнички го пречекува Кожув во надеж дека ќе ја продолжи својата низа. Гевгеличани имаат две победи на гости, но минатиот викенд загубија во Куманово, а денеска ги очекува нов тежок тест. Мечот во Градски парк почнува во 18 часот.


