Македонската репрезентативка Ања Начевска имаше одличен настап во убедливата победа на Хемптон над Апентис Скул со 103-43, во натпревар од женската НЦАА лига.
Хемптон ја искористи предноста на домашниот терен и одигра одличен натпревар, во кој уште од самиот почеток ја презеде контролата. Домашниот состав ја доби првата четвртина со 27-10, на полувремето имаше предност од 45-19, а во продолжението дополнително ја зголемуваше разликата до конечните убедливи 60 поени.
За Ања Начевска ова беше деби во НЦАА и тоа како една од најмладите во тимот на Хемптон, со само 19 години. Таа на теренот помина 21 минута и ја заврши средбата со девет поени, со добар шут од поле (4/7), а запиша и две асистенции.
Anja Nachevska goes to the rim‼️ #WeAreHamptonU https://t.co/iCARRXfF1t
— Hampton Pirates Women’s Basketball (@hupirates_wbb) November 10, 2026
За Хемптон ова беше прва победа во новата сезона, по двата почетни порази од Хјустон и СМУ.


