Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно има еден од најатрактивните потези во Еврокупот.
На мечот против Рига Зели, одигран денеска во Солун (победа на Арис со 105-81), нашиот плејмејкер ја крена публиката на нозе со фантастичен цепелин, во комбинација со И Џеј Лидел. Тоа е веќе трет натпревар сезонава во Еврокупот на кој Димитријевиќ на ваков начин проигрува некој од своите соиграчи.
Акцијата дојде по тајм-аутот на Василис Спанулис на кој веројатно се планирала таква завршница бидејќи двајцата кошаркари на Арис се движеа совршено координирано.
E.J. Liddell came flying in from NOWHERE! 🤯 What an alley-oop finish! #RoadToGreatness https://t.co/LotyYIskxL
— BKT EuroCup (@EuroCup) November 11, 2026
Атракцијата ја одбележа и официјалниот профил на Еврокупот што дава дополнителна тежина на потегот на Димитријевиќ.


