Ревијален кошаркарски спектакл ќе се одржи меѓу екипите на КК ТФТ и КК Работнички Скопје по повод 50-годишнините на општините Карпош и Центар.
Вечерва двата јубилеја добиваат заедничка прослава на кошаркарски паркет, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ – Градски парк. Главен настан на вечерта е сениорскиот дуел во 19:00 часот, во кој ТФТ ќе се сретне со Работнички – средба меѓу две скопски екипи, во вечер што ѝ припаѓа на целата заедница.
Претходно, вечерта ја отвораат најмладите: во 18:00 часот, во категоријата М14, ТФТ Скопје се состанува со ИБА Академија. Влезот е слободен.


