Поразот во градското дерби со Макаби (73-80) предизвика големо незадоволство кај приврзаниците на Хапоел Тел Авив, а Димитрис Итудис директно се соочи со нивниот гнев.
Непријатна средба се случила на аеродромот во Лимасол, каде што неколку разочарани навивачи го пресретнале грчкиот тренер и му упатиле остри критики. Според израелските медиуми, тие успеале да му пријдат без пречки и непосредно да му го искажат незадоволството.
„Врати се во Грција, ти не си тренер!“, била една од пораките упатени кон 56-годишниот стратег.
Инцидентот е уште еден показател за растечкиот притисок врз Итудис, кој пристигна во Хапоел со големи амбиции, но резултатите во последниот период не ги исполнуваат очекувањата.
Од тим што се бореше за врвот, Хапоел падна на десеттата позиција на табелата во Евролигата со серија од три порази.


